Утрински Весник
Балкан

Софија воведе викенд зелени карти за јавниот превоз поради загадениот воздух

Bugarija 1.jpg

Софија воведе викенд зелени карти за јавниот превоз поради загадениот воздух. Во предвидениот период паркирањето на паркинг местата на метрото ќе бидат бесплатни за сите граѓани и туристи.

Одлуката е донесена врз основа на прогноза на бугарскиот Национален институт за метеорологија и хидрологија со цел да се ублажат негативните последици по човековото здравје од лошиот квалитет на воздухот.

Општината упати апел до граѓаните одговорно да се однесуваат и да го намалат користењето на автомобили, да избегнуваат палење на отпад во затворен и на отворен простор и да пријават евентуални прекршувања.

Цената на зелената карта чини еден лев (50 центи) во текот на целиот ден, а важи и за ноќниот превоз. 

Можете да прочитате

Шокантна истрага на Европол: Мажи ги дрогирале и силувале своите партнерки

БиХ утрово ја погоди земјотрес, потресот почувствуван во поширокиот регион

„Риба-зајак“ касна жена во популарно грчко летувалиште