Утрински Весник
Македонија

Собранието на седница ќе се изјасни за потребата за носење на неколку закони по скратена постапка

Sobranie.webp.webp

Собранието денеска треба да ја започне 10. седница на која на дневен ред се повеќе точки, генерално закони по скратена постапка.

На седницата треба да бидат верификувани мандатите на Јане Мицевски од Изборната единица 1 и Малиша Станковиќ од Изборната единица 2, двајцата од коалицијата Твоја Македонија. 

На дневен ред се исто така и Предлог на одлука за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан.

По скратена постапка, на дневниот ред се предложени, изменување и дополнување на Законот за енергетика, на Законот за Геолошкиот завод, на Законот за енергетска ефикасност, на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, на Законот за метрологијата, на Законот за минерални суровини, на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали, Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за основање на Агенција за енергетика на Република Северна Македонија, како и изменување и дополнување на Законот за задолжителни нафтени резерви, на Законот за техничката инспекција.

Можете да прочитате

РЕК Битола работи со еден блок

РЕК Битола работи со еден блок

УЈП : РЕГИСТРИРАЈТЕ ГО ГОТОВИНСКИОТ ПРОМЕТ ПРЕКУ ФИСКАЛЕН СИСТЕМ НА ОПРЕМА (ФИСКАЛНИ КАСИ)