Утрински Весник
Македонија

Собранието донесе одлука: И со истечени документи ќе може да се гласа на двојните избори напролет

Izbori.webp.webp

Попладнево се отстранија сите дилеми за тоа кои се граѓани ќе можат да гласаат на претстојните претседателски и парламентарни избори.

Собранието ги донесе потребните измени на Изборниот законик со што сите оние граѓани кои имаат истечени документи до девет месеци наназад ќе можат да гласаат на изборите.

Покрај овие измени на Изборниот законик, поминаа и дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР нотирани во претходните изборни циклуси кои се однесуваат на законската рамка, постапката на приговор, жалбената постапка за заштита на избирачкото право, набљудувањето на изборите, регистрацијата на гласачи, изборната кампања и нејзиното финансирање, медиумското преставување на учесниците во изборниот процес.

Можете да прочитате

Охриѓанец ги избркал од дома својата мајка и својата сопруга

Мицкоски: СДСМ шират лаги за да обезбедат алиби како да се задржи актуелното раководството после следниот изборен пораз

Мицкоски до Беџети: Никој нема против албанскиот јазик, секој граѓанин се цени подеднакво