Утрински Весник
Спорт

Со порака на Инстаграм го моли Брајтон да го пушти во Арсенал

Со порака на Инстаграм го моли Брајтон да го пушти во Арсенал

Мојсес Каиседо експресно го смени мислењето и побара од клубот да му дозволи трансфер во Арсенал. Лидерот во Премиер лигата за Еквадорецот на Брајтон му понуди 70.000.000 евра.

dobivaj vesti na viber

Каиседо пред неколку дена на новинарите им изјави дека е фокусиран на Брајтон и дека не го интересираат понудите од другите клубови. Сега со порака на Инстаграм го моли Брајтон да го пушти во Арсенал.

„Горд сум што можам да му донесам на Брајтон рекордна сума за трансфер, што ќе им овозможи дополнително да инвестираат за да бидат успешни. Навивачите ме внесоа во нивните срца и тие секогаш ќе го земаат моето, па се надевам дека разбираат зошто сакам да ја искористам оваа можност“, напиша Каиседо.

Според „Трансфермаркт“, Каиседо вреди 38.000.000 евра. Неговиот договор со Брајтон е до 2025 година.

За очекување е Арсенал да ја подобри понудата, дури и да ги плати бараните 100.000.000 евра. Микел Артета има проблем со повредите на играчите од редот за врска. Ел Нени ја заврши сезоната, а стандардниот Томас Парти се повреди синоќа против Манчестер сити во ФА купот.

Клубот не објави каков е степенот на повредата, туку само објави дека играчот ќе мора да оди на преглед со магнетна резонанца.

Можете да прочитате

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами

Пораз на Денвер во Феникс – Дурент го запре Јокиќ

Истанбул ќе биде домаќин на Европските игри во 2027 година