Утрински Весник
Спорт

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Image 2026 04 21 212720204.png

Со свечено дефиле на учесниците и културно-уметничка програма на Плоштад Македонија, вечерва во Скопје официјално беше отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026, кое за првпат се одржува во Македонија во организација на Федерацијата за училишен спорт, под покровителство на Министерството за спорт.

Главниот град во наредните денови ќе биде светска ракометна мапа на младинскиот спорт, обединувајќи над 700 млади ракометари и ракометарки од 21 делегација од Европа, Азија, Блискиот Исток и Латинска Америка.


На шампионатот што се одржува до 29 април учествуваат репрезентации од Белгија, Бразил, Бугарија, Кина, Хрватска, Кипар, Грузија, Германија, Грција, Израел, Косово, Луксембург, Република Српска, Романија, Саудиска Арабија, Србија, Словачка, Шведска, Турција, Бангладеш, како и домаќинот Македонија.

Учество ќе земат 23 машки и 16 женски екипи, кои ќе се натпреваруваат во шест спортски сали низ Скопје – СРЦ „Македонско сонце“, СРЦ „Архиепископ Доситеј“, СРЦ „Кочо Рацин“, СРЦ „Крсте Мисирков“ и СРЦ „Антон Димитров“.

Финалните натпревари ќе се одиграат на 28 април во спортската сала „Расадник“, кога ќе се одржи и свеченото затворање на првенството.

Во рамки на настанот, на 25 април е предвиден „Cultural Day“, посветен на културна размена и запознавање со македонското културно и историско наследство, како и „Nations Night“, на кој делегациите ќе ги претстават своите земји преку традиција, музика и гастрономија.

Можете да прочитате

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум

Карпош домаќин на Европско првенство во кинеско борење

Вардар рутински против Шкупи, Пелистер ја совлада Македонија ЃП