Утрински Весник
Македонија

Со 2,04 промили алкохол предизвикал пожар во двор во струмичко, огнот се проширил на улицата

Img 0902.jpeg

Жител на струмичко село бил лишен од слобода откако предизвикал пожар во својот двор, кој потоа се проширил кон улицата, информира Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од полицијата, на 30 јули 2026 година, околу 22 часот, во селото Габрово, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го забележале Б.К. (63) од Струмица, со престој во селото, како предизвикува пожар во неговото дворно место.

Огнот се проширил и кон улицата, по што интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица. Пожарот бил изгаснат, а според МВР, во инцидентот нема повредени лица.

Шеесет и тригодишниот маж бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Струмица. При извршеното алкотестирање било утврдено дека имал 2,04 промили алкохол во крвта.

За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Тетовец тврдел дека дедо му и баба му му украле 3,5 милиони денари, заработи кривична

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

Николоски: Македонија самостојно го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори