Утрински Весник
Свет

Снежна бура парализира воздушен сообраќај во североисточниот дел на САД

Jxaffgcdvqjlzkwsipkvvjdzrnbxqgeqtdzwxvtlmauhtvuigltsoataqvthunob scaled 1.jpg

Силните снежни врнежи предизвикаа масовни нарушувања во воздушниот сообраќај во североисточниот дел на Соединетите Американски Држави и регионот на Големите езера, токму во периодот на интензивни патувања меѓу Божиќ и Нова година. Повеќе од илјада летови беа откажани или одложени, додека најмалку 1.500 летови се откажани од синоќа, покажуваат податоците на сервисот FlightTower.

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за опасни услови за патување од Големите езера, преку северниот Средноатлантски регион, па сè до јужна Нова Англија, при што постои и ризик од прекини во снабдувањето со електрична енергија. Според метеоролозите, бурата постепено слабее и се очекува состојбата да се стабилизира до вечерва. „Бурата очигледно се смирува, а утринава снежните врнежи на Североисток беа значително послаби“, изјави Боб Оравец од Националната метеоролошка служба.

Во изминатите 24 часа, во Њујорк наврнаа околу 10 сантиметри снег, нешто помалку од првичните прогнози. Најинтензивни врнежи се забележани во централниот и источниот дел на Лонг Ајленд, каде снежната покривка надмина 15 сантиметри, додека во планинскиот регион Кетскил наврнаа околу 25 сантиметри снег

Можете да прочитате

НАТО: Северноатлантскиот договор не предвидува исклучување на земја-членка

Захарова: Новиот пакет санкции на ЕУ ќе предизвика тешки последици за земјите во развој

266 милиони луѓе во светот лани биле погодени од глад