Утрински Весник
Балкан

Грчките актери излегоа на штрајк во барање за колективни договори

Grcija 1.jpg

Грчките актери денеска ја прекинаа работата во рамки на протест организиран од Синдикатот на грчките актери, со цел да се изборaт за потпишување колективни работни договори.

Според соопштението на синдикатот, штрајкот има за цел да изврши притисок врз двете најголеми организации на работодавачи во театарскиот сектор да започнат преговори и да склучат колективен договор со актерите, пренесува весникот „Катимерини“. Акцијата доби широка поддршка од синдикатите на вработените во театарот, како и од Грчкиот синдикат за сценски уметности и акустика, кои застанаа зад барањата на актерите.

Можете да прочитате

ЕК ги започна преговорите за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“

Драма на небото над Србија: Воени ловци пресретнале патнички авион по дојава за бомба

Анталија во центарот на глобалниот дијалог за климатските промени како домаќин на COP31