Утрински Весник
Балкан

Снегот ги затвори училиштата во 14 провинции во Турција

Sneg.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Обилните снежни врнежи што ја зафатија Турција предизвикаа прекин на наставата во 14 провинции, а неочекуваните слободни денови донесоа радост кај најмладите. Наместо во училишните клупи, децата времето го минуваат играјќи си на снег, јавува „Еуроњуз“. Во источната покраина Ван, каде што за една ноќ наврна и до половина метар снег, гувернерот донесе одлука сите училишта да останат затворени во понеделник.

Вистинска зимска атмосфера владееше и во Карабук, во Сафранболу, каде што жителите ги искористија тесните улици во историското јадро како импровизирани патеки за санкање, а децата се спуштаа по падините дури и на пластични кеси. Проблеми предизвикаа и врнежите во населбата Карлиова, во покраината Бингол, каде што дводневниот дожд и снег ги блокираа селските патишта, поради што беше прекината наставата за учениците што зависат од организиран превоз. Иако снежната бура го отежна секојдневието во делови од Турција, за многумина таа донесе и моменти на радост и уживање во редок и живописен зимски пејзаж.

Можете да прочитате

БиХ го легализира канабисот за медицински цели

Брнабиќ: Зад Србија останува неверојатно тешка година

Албанија амнестира 380 затвореници и намалува казни на уште 900 лица