Утрински Весник
Балкан

Здравствената состојба на Дачиќ непроменета и засега стабилна

Dachik.webp.webp

Здравствената состојба на потпретседателот на Владата на Србија и претседател на СПС, Ивица Дачиќ, е непроменета и засега е стабилна, изјави помошник-директорот на Клиниката за пулмологија во Белград, Спасоје Попевиќ.

– Продолжуваат мерките за интензивно лекување. Засега е стабилно, ноќта ја помина мирно – рече д-р Спасоје Попевиќ во изјава за новинарите пред Клиниката за пулмологија, каде што е хоспитализиран Дачиќ, пренесува РТС.


Доктор р Попевиќ наведе и дека за новите информации за здравствената состојба на Ивица Дачиќ ќе ја извести јавноста во 17 часот.

Министерот за внатрешни работи и претседател на СПС, Ивица Дачиќ, во средата беше итно хоспитализиран во Клиниката за пулмологија на Универзитетскиот клинички центар на Србија.

Можете да прочитате

Драма во турско училиште: Поранешен ученик со пушка пумпарица отворил оган, 16 повредени!

Африканска прашина повторно ја зафаќа Грција, зголемено загадување на воздухот

Неколкумина повредени во пукање во средно училиште во Турција