Утрински Весник
Спорт

Слот ќе биде новиот тренер на Тотенхем

Слот ќе биде новиот тренер на Тотенхем

Арне Слот, тренерот на Феенорд, ја прифатил понудата на Тотенхем, пренесуваат островските медиуми. Слот ја освои титулата во Ередивизија со Феенорд, а веќе некое време беше поврзуван со лондонскиот клуб.

dobivaj vesti na viber

Тотенхем е без постојан менаџер од март кога се раздели со Антонио Конте.

Него на клупата привремено го замени Рајан Мејсон, кој ќе го води тимот и во последното коло.

Холандски „Де Телеграф“, објави дека Слот е подготвен да се приклучи на проектот на Тотенхем и дека преговорите се во тек.

Тотенхем би морал на Феенорд да му плати отштета од шест милиони фунти.

„Моето заминување треба да биде добро и за клубот, но ако не се појави клуб од сништата, тогаш ќе останам. Во фудбалот, нормално е да разговараат и со други клубови. Не велам дека сум го направил тоа, но тоа е не е забрането да се зразговара“, рече Слот. неодамна за ESPN.

Слот, кој има 44 години, ја започна својата тренерска кариера во АЗ Алкмар во 2019 година, пред да го преземе Феенорд две години подоцна.

Во првата сезона ги одведе до финалето на Конференциската лига, а оваа сезона, по шест години ја врати титулата во Ротердам.

Можете да прочитате

Алкараз го „збриша“ Циципас и закажа супер-полуфинале против Ѓоковиќ

Партизан ја доби „мајсторката“ со Цедевита Олимпија, ќе има ли финале против Звезда?

Ал-Итихад го потврди милионскиот договор за Карим Бензема