Утрински Весник
Македонија

СЛЕДУВА УШТЕ ПОЛАДЕН ПЕРИОД: Наутро очекуваме температури до, па и под -10 степени!

Meteoalarm.mk 21 1.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Територијата на нашата Република Македонија до крајот на оваа седмица ќе биде под влијане на многу ладен воздух од истокот  и од североистокот на Европа, кој особено ќе го чувствуваме во ноќните  и во утринските часови кога минималните температури на воздухот насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата.


Особено во Беровскиот регион, повисоките места, планините, секако, вклучувајќи ги и Скијачките центри температурите наутро ќе се спуштаат до околу, па и под -10 степени. Преку ден пак температурите ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 9 степени. Времето ќе биде сончево, повремено со мала до умерена локална облачност, а до крајот на денов ќе засилува ветер од северен правец, особено изразен Долж Повардарието.

И во Скопје и околината ќе имаме слично време.

Само да напоменам, краткотрајно повеќе облачност ќе имаме во петок, кога особено во југоисточните предели ќе има појава на слаби локални врнежи од дожд или од дожд и од снег.

Можете да прочитате

Што се случува со „Алта банка“? Вечерва вонредно „Ноќно студио“ со Кирил Миноски

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци – образованието мора да се темели на наука, а не на верски убедувања

Почина поранешниот министер и пратеник Самка Ибраимовски