Утрински Весник
Македонија

Следната седмица ни доаѓа нагло затоплување, потоа и локално невреме

Meteoalarm.mk 3.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

По исклучително ладното време за овој период од годината со ниски температури и појава на утрински мразеви, веќе во текот на следната седмица, односно во периодот од 4 Мај 2026 (Понеделник) до 10 Мај 2026 (Недела) во Македонија ќе имаме значително повисоки температури на воздухот и тие ќе бидат вистински пролетни и во пораст како утринските, така и максималните дневни температури на воздухот.


Во понеделник и во вторник (4/5 Мај 2026) ќе имаме многу сонце   и стабилно време со слаб ветер а температурите преку ден ќе бележат тенденција на брз и на голем пораст и во поголем дел од Македонија тие ќе се искачуваат до околу или ќе надминуваат 20 степени.

Веќе од 6 Мај 2026 (среда) па во деновите потоа атмосферата над Македонија полека ќе се дестабилизира а особено нестабилни атмосферски процеси ќе имаме околу 7 и 8 Мај 2026 (четврток и петок) кога на повеќе места ќе се развиваат конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи, засилен ветер  и услови за појава на локално невреме.

Да напоменам декас само во текот на следната седмица особено во Повардарието и во југоисточните предели температурите полека ќе надминуваат  и 25 степени. Исто така, во текот на следната седмица  како што претходно кажав и наутро ќе биде значително потопло и не очекувам појава на мразеви што значи дека во текот на следната седмица повеќе нема да имаме појава на минусни температури на воздухот.

Можете да прочитате

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Казни до 400 до 5.000 евра за сопственици на домашни миленици, се подготвува нов Закон за заштита на животните

Четири лица уапсени во Муртино поради дрога