Утрински Весник
Магазин

Слатка диета која ќе ја обожавате – Потребна ви е само лубеница

120653 Lubenica Ls.jpg

Метеоролозите најавува продолжување на портокаловата фаза на предупредување од високи температури, па доколку периодов сакате да изгубите некој кикограм ова е совршено време за диета со лубеница.

Неделно мени за диета од лубеница од 5 дена е следно:

Прв ден: Појадок: 1 парче лубеница и 1 шолја кафе или чај.
Ручек: 150 гр говедско месо со 150 гр варен ориз. Засладете се со парче лубеница.
Вечера: 60 ​​гр сирење, парче леб и парче лубеница.

Втор ден: Појадок: 1 парче леб, 1 шолја кафе или чај и 1 парче лубеница.
Ручек: 100гр пилешко без кожа, 1 парче леб и 1 парче лубеница.
Вечера: 100 гр скара риба, 100 гр варен ориз и дури 2 парчиња лубеница.

Трет ден: Појадок: Како претходниот ден – парче леб, шолја кафе и парче лубеница.
Ручек: 50гр тестенини со сос од домати и 3 парчиња лубеница.
Вечера: салата од свеж зеленчук и лубеница – колку што можете да јадете.

Четврти ден: Појадок: 2 парчиња лубеница.
Ручек: супа од брокула (секоја супа од зеленчук е добар избор), парче леб и 2 парчиња лубеница.
Вечера: 3 средно печени компири и 2 парчиња лубеница.

Петти ден: Појадок: 3 парчиња лубеница.
Ручек: 150 гр говедско месо и неограничена количина лубеница.
Вечера: Парче интегрален леб, 60 гр сирење и 3 парчиња лубеница.

Овој метод на исхрана драстично го намалува бројот на потрошени калории и не треба да се држи долг временски период. За време на држењето на диетата, прескокнете го вежбањето и рекреацијата затоа што веројатно ќе се чувствувате лошо, исцрпено и уморно. Ако забележите дека не ви се допаѓа овој начин на исхрана, запрете го веднаш и не чекајте до петтиот ден по секоја цена. Постојат неколку диети што можете да ги пробате. Можеби диетата со лубеница не е за вас.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 20 мај 2026 година

Хороскопски знаци кои никогаш не се задоволни, секогаш бараат „повеќе“

Како правилно да ги перете патиките во машина без да ги оштетите