Утрински Весник
Македонија

Слаба утринска магла во некои котлини, преку ден сончево

Esen 5.jpg

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје наутро со услови за слаба магла, а преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 24 степени.

Според прогнозата на УХМР, во следните два дена ќе има зголемена облачност со слаб локален дожд во среда. Потоа ќе продолжи периодот на стабилно и суво време со пониски дневни температури.

Можете да прочитате

ГОРИ КАЈ ЦЕРОВО: Екипите се на терен, се спречува ширењето на пожарот

„ПОРШЕ“ СО 168 КМ/Ч НА ОГРАНИЧУВАЊЕ ОД 80 – возачот заврши со лисици на Табановце

УКИНАТА ЗАБРАНАТА: Водата во Демир Капија повторно е безбедна за пиење