Утрински Весник
Македонија

Скопското јавно обвинителството оформи предмет за назначувањето на Христовски во АНБ

20241022174911.jpg

Додека ДКСК проверува, анонимно лице веќе потегнало иницијатива до Обвинителството поднесувајќи анонимна кривични пријава со наводи дека Бојан Христовски, директорот на АНБ, приложил исправа со невистинита содржина, за да ги исполни условите и да биде назначен за директор на тајната служба, јавува ТВ 24.

Пријавата се однесуваат на јазичниот ТОЕФЛ сертификат на Христовски од бугарската јазична школа “Јулија”, а сертификати од “Јулија” во судски постапки во Македонија веќе се прогласени за фалсификати. Од ОЈО велат дека оформен е предмет.

„До Основното јавно обвинителство Скопје е доставена анонимна кривична пријава, која е распоредена кај јавен обвинител и по која се постапува.“ – велат од ОЈО.

Опозицијата обвинува за партизација на агенцијата, а власта за монтиран случај. Oпозиционерот Филипче од собраниската говорница вчера рече дека имал докази дека Христовски го немал ниту потребниот стаж за фунцкцијата и побара негово разрешување.

Мицкоски му возврати – да не прави политика од овој случај и дека има институции во државава кои треба да го проверат тоа, а на Филипче му даде слични сертификати кои ги имале и директори поставени од СДСМ.

Христовски се најде во центарот на вниманието на јавноста по информациите дека поседува спорен сертификат за англиски јазик издаден во Бугарија.

Тој во официјалната биографија навел дека на 26 март 2022 зел ТОЕФЛ-сертификат за англиски од компанијата „Јулија ЦО ЛТД“ од Пловдив, Бугарија.

Ако нема безбедносен сертификат од највисоко ниво, директорот на АНБ, Христовски не може да влезе во „глувата соба“ во Собранието, рече спикерот на Собрание, Африм Гаши. Премиерот Мицкоски за Христовски, вели дека првиот човек во АНБ добил сертификат за државна тајна и сега Бојан Христовски не мора да чека од неговиот заменик да добива информаци нешто што според дел од експертите претставува кривично дело.

Можете да прочитате

Подобрени услови за хемодијализа и реновиран објект за пациентите во струшка нефрологија

Потврдени се сомнежите за несоодветно лекување на Онкологија, а постојат и сомнежите дека пациенти не добивале терапија, вели Обвинителството

Учениците на ООУ „Кочо Рацин“ добија нова современа фискултурна сала и нови специјализирани и опремени кабинети