Утрински Весник
Македонија

Сите откажувања на ВМРО-ДПМНЕ од своите кандидати, како ќе помине Силјановска – Давкова?

1707051574 Unnamed File.webp.webp

ВМРО-ДПМНЕ низ неговото постоење често пати се обидувало да се „надгради“ со независни и натпартиски кадри како предлог за важни државни функции. 

Но на крајот тоа не излегувало секогаш добро, најчесто завршувало лошо и по носителите на функциите и по партијата, а особено по граѓаните. 

Од најдобра менаџерка до „нестабилна личност“

На граѓаните им се свежи сеќавањата од пред две и пол години кога ВМРО-ДПМНЕ ја промовираше Данела Арсовска како „најуспешната менаџерка“ новата мајка на градот која ќе гради модерно Скопје. 

Христијан Мицкоски, потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ функционери на партијата, не се двоеја од Арсовска која беше нивен фаворит за градоначалник на Скопје.

Со многу помпа, труби и банкет во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ беше прославена убедливата победа на Арсовска која требаше да значи враќање на голема врата на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Но по само 12-13 месеци „пукна тиквата“ меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ заради тендерот за пречистителната станица за кој Арсовска ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека сакала криминално да го спроведе. 

Арсовска тогаш пред јавноста кажа дека лично Мицкоски и се заканувал, а ВМРО-ДПМНЕ реагираше дека таа е „нестабилна“ и оттогаш наваму Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ дејствуваат безмалку како архи-непријатели.

И со Трифун Костовски не им се погоди

Во 2005 година на локалните избори ВМРО-ДПМНЕ застанува зад кандидатурата на независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Трифун Костовски. 

По само една година, ВМРО-ДПМНЕ ја презема и власта на централно ниво на чело со Никола Груевски по што следува разидување меѓу Костовски и ВМРО-ДПМНЕ. 

Екс градоначалникот Костовски во една прилика изјави дека тоа се случило така затоа што тогашниот премиер Груевски сакал да биде и градоначалник на Скопје. 

„Во мојот случај јас не дозволив ВМРО-ДПМНЕ предводена од Никола Груевски истовремено да биде и градоначалник на град Скопје, односно да бидам пион во рацете на ВМРО-ДПМНЕ“ сведочеше пред некоја година Костовски.

Кавги и со претседателот од нивните редови

Но во ВМРО-ДПМНЕ се случува да им се заврти грб и на политичарите од нивните редови.

Така беше со Борис Трајковски, кој од позиција на заменик министер за надворешни работи стана кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на изборите во 1999 година кога после огромно заостанување успеа да го победи неговиот ривал Тито Петковски. 

На тој начин ВМРО-ДПМНЕ заокружи апсолутна власт во државата. 

Но можеби таквата апсолутна власт доведе до ситуација раководството на ВМРО-ДПМНЕ брзо да ги наруши односите со Трајковски особено во периодото кога тогашниот претседател дејствуваше за градење на нови односи во пост-конфеликтно општество.

Каква ќе биде судбината на Силјановска – Давкова?

На овие избори ВМРО-ДПМНЕ ќе „трча“ со како што е претставена натпартиска кандидатка во името на професорката Гордана Силјановска Давкова. 

Иако Давкова веќе е интегрирана во партиските структури, иако официјално е и единствениот кандидат со кандидатура потврдена од потписи од пратеници наместо од граѓани, сепак во еден дел од партиската база таа не е прифатена. 

Нејзе и се замерува што била дел од првата влада на Бранко Црвенковски, што била дел од управувачките структури на Фондацијата Отворено општество (познато како Сорос) како и тоа дека нема партиско искуство зад себе. 

Одредени порадикални крила на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека таа веќе имала шанса но била поразена и сметаат дека кандидат треба да биде некој „поавтентичен“ и препознатлив член на ВМРО-ДПМНЕ. 

Кампањата за претседателските избори почнува денеска, се уште е рано да се прогнозира дали Силјановска Давкова ќе биде новиот претседател на државата, па оттаму не се знае како ВМРО-ДПМНЕ и Давкова би соработувале ако се случи такво нешто. 

Но, имајќи предвид со каква леснотија ВМРО-ДПМНЕ се откажува од свои кадри, нема да е за изненадување ако дури и за време на кампањата се појават првите искри помеѓу Давкова и ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Со 20 тони вода исфрлени од полицискиот хеликоптер, локализиран пожарот во атарот на тетовско Селце

Четворица претепале сосед во Миладиновци

ЦУК: Со хеликоптерска помош ренџерите гасат пожар на Шара