Утрински Весник
Магазин

Синовите на Памела Андерсон велат дека нејзината кариера пропадна во вода поради секс-снимката

Синовите на Памела Андерсон велат дека нејзината кариера пропадна во вода поради секс-снимката

Синовите на Памела Андерсон, Брендон Томас Ли и Дилан Џегер Ли, говорат за повеќе теми поврзани со кариерата на својата мајка додека ѝ помагаат да промовира неколку нови проекти: автобиографијата „Љубов, Памела“ и документарниот филм „Памела: Љубовна приказна“ во продукција на „Нетфликс“.

dobivaj vesti na viber

Меѓу многуте контроверзии, Брендон (26) и Дилан (25) – двата сина на Памела со тапанарот на „Мотли кру“, Томи Ли – го изразија своето мислење за минисеријата „Пам и Томи“ на „Хулу“ од 2022 година, говореа за влијанието на приватната секс-снимка врз нејзината кариера во доцните 90-ти и за несоодветниот надомест за нејзината популарност во „Чувари на плажата“.

Во новиот документарниот филм Дилан вели дека минатогодишниот документарец на „Хулу“, со наслов „Пам и Томи“, е направен со лош вкус и е лошо склопен од перспектива на раскажување приказни.

„Зошто да враќате назад нешто пред 20 години, а за кое знаете дека некому му е нанесена штета?“, вели Дилан. „Нема никаква смисла да правите полукомедија од најлошиот дел од нејзиниот живот“.

Брендон, кој во 2018 година се најде на насловните странци на таблоидите по тепачката со својот татко, вели дека мајка му можела да заработи многу пари доколку се согласела да ја лиценцира лентата.

„Таа би заработила милиони долари ако само потпишеше парче хартија“, рече Брендон. „Наместо тоа, седеше без пари и гледаше како ѝ пропаѓа кариерата. Таа беше во долгови поголемиот дел од својот живот.“

Дилан смета дека нејзиниот живот и кариера би биле на поинаква траекторија доколку заработила на снимката.

Во интервју за „Екстра“, Брендон нагласи дека мајка му била недоволно платена за „Чувари на плажата“ од 1992 до 1997 година, нешто што тој го квалификува како кривично дело.

„Ако погледнам назад и ги обелоденам минатите договори, многумина ќе бидат шокирани кога ќе дознаат како луѓето ја искористувале… млада девојка направила лош договор за голема серија, а била најголемата ѕвезда во тоа време“.

„Многу луѓе заработија многу пари од серијата, некои од нив ќе имаат лош ден кога ќе тропнеме на врата… таа заработува смешни 4.000 долари годишно од Baywatch. Тоа е злосторство“.

Можете да прочитате

Позната српска водителка пронајдена мртва во стан во Белград

Овие три навидум здрави намирници предизвикуваат дебелеење

Напиток од лимон и маслиново масло за здрав црн дроб