Утрински Весник
Македонија

Синот на Назим Буши од ДУИ е лицето осомничено за предупредување на кланот Беланоца

20221225092243.jpg

Ќазим Буши, синот на поранешниот заменик министер за внатрешни работи Назим Буши од ДУИ, е осомниченото лице кое ја пробило полициската акција за разбивање на на криминалната група Барон/Беланоца.

Според информации на Телма, Ќерим Буши синоќа бил приведен на распит поради оддавање службена тајна. Го сомничат дека пред десетина дена ја провали акцијата за апсење на припадници на скопското нарко подземје. Се проверува дали тој им дојавил на осомничените дека полицијата доаѓа по нив за да избегаат.


Обвинителството на 16 декември отвори истрага против 18 осомничени припадници на скопското подземје, но осуммина од нив не пронајде, а сомнежот е дека некој им јавил да избегаат.

Од МВР велат дека со него бил извршен службен разговор, одземен му бил мобилниот телефон, по што по насока на ОЈО е ослободен.

Дел од медиумите објавија дека се работи за син на поранешен фунционер, кој предупредил криминални групи дека МВР спроведува акција против нив.

Можете да прочитате

(Најнова вест) Тешка сообраќајка по верижен судар на скопска обиколница

Николоски: Авиолиниите Женева и Париз ги воведуваме за дијаспората

Следува натпросечно топло време, снегот на планините забрзано ќе се топи, а котлините ќе бидат многу поладни и со густа магла!