Во текот на изминатата вечер (24/25.02.2024)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, информира МВР.
При контролата санкционирани се 18 возачи од кои (10 во Битола, 4 во Прилеп, два во Ресен и по еден Демир Хисар и Македонски Брод),а откриени биле и 16 останати прекршоци. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.