Синдромот на немирни нозе го спречува мирниот сон за многумина. Ако не се лекува, немирот во нозете може да предизвика силен и постојан замор, дневна поспаност и исцрпеност.
Луѓето кои страдаат од синдром на немирни нозе, а често и нивните партнери, се будат уморни, поспани и понекогаш доживуваат анксиозност, возбуда и депресија.
Причини
Кај половина од заболените од оваа болест одлучувачки е генетскиот фактор. Болеста е наследна, а симптомите може да се појават уште во 20-тите години.
Другата половина од пациентите страдаат од последици од некоја друга болест. Во овој случај, немирните нозе се појавуваат во подоцнежна возраст, а причината може да биде:
ревматизам
оштетување на нервите
недостиг на железо, фолна киселина или витамин Б12
нарушување на метаболизмот на шеќерот
нарушување на функцијата на бубрезите
бременост (минливи)
земање некои лекови, на пр. антидепресиви (симптомите обично исчезнуваат по прекинот на терапијата)
Природно лекување
Експертите препорачуваат како природен лек за немирни нозе:
движење
масажи
миење на стапалата во ладна вода
магнезиум како додаток во исхраната
избегнување на алкохол и кофеин
Доколку горенаведените мерки не помогнат, контактирајте го вашиот лекар, кој ќе ве упати кај невролог.