Утрински Весник
Македонија

МЕТЕОРОЛОШКИОТ ФЕНОМЕН “ЛА НИЊА” ОВА ЛЕТО НИ НОСИ ГОЛЕМИ ВРЕМЕНСКИ НЕПОГОДИ: Да бидеме подготвени на се

Download 17.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во текот на претстојното лето феноменот “Ла Ниња” се повеќе ќе добива на сила,  а особено таа ќе добие на сила кон крајот на летото, и во текот на есента  и зимата 2024/2025. Токму ова ќе услови ова лето ширум Европа, Балканот, како и во Македонија да има повеќе врнежи од вообичаеното.

Се поголеми се шансите да се случат и локални, но големи временскиу непогоди кои би можеле да нанесат  и многу штети. Значи граѓаните да бидат подготвени на се. Овој метеоролошки феномен ќе ги зголеми шансите и за многу повеќе снег во Македонија во текот на зимата 2024/2025, а токму кога е активна “Ла Ниња” во зимскиот период, тогаш снег врне  и во Скопје.

Инаку до сега беше активен метеоролошкиот феномен “Ел Нињо” и тој услови да имаме еден невообичаено топол февруари, па  и март. Поладно време имавме и во април, иако и тој беше за некој степен над просекот гледано по температурите.

Се на се и зимата 2023/2024 беше со натпросечно висаоки температури, а речиси и да не видовме снег.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница