Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Европската интеграција на Северна Македонија е важен стратешки план и приоритет за државата и за сите граѓани во неа

Foto3.jpg

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ денес одржа средба со амбасадорот на Република Унгарија НЕ Андраш Клајн, заменик амбасадорката Кристина Тиханји и претставникот Золтан Марки. 

На средбата унгарската делегација ги презентираше приоритетите на унгарското претседателство со цел зајакнување на процесот на европските интеграции во претстојниот период. Унгарија претседава со Советот на Европа од 1 Јули 2024 до крајот на годината. 

Вицепремиерот Маричиќ со заложба дека европеизацијата на државата мора да продолжи со засилен тек ја истакна важноста од носење на важни одлуки за понатамошно реализирање на стратешките цели на Северна Македонија и регионот. 

Неговата екселенција амбасадорот Клајн се заблагодари за досегашниот успех и постигнатите резултати од процесот на евроинтеграција, скрининг процесот, отпочнувањето на преговорите за државата и комплетната подготовка за реализација на европската агенда на државата. 

Европската интеграција е важен стратешки план и приоритет за државата и за сите граѓани во неа – истакна Маричиќ. 

Можете да прочитате

Таравари: Коалицијата Вреди е најдобрата гаранција дека С. Македонија ќе го продолжи европскиот пат

Клековски: Не треба да го промениме Уставот додека не видиме знаци на добра волја од Бугарија, до тогаш треба да се справиме со криминалот и корупцијата

Петров и Богоев разочарани од сопартициите оти молчеа во Собранието на конститутивната седница