Утрински Весник
Македонија

Син го пронашол татка си починат со прострелна рана

Policia Maqedoni Policija.jpg

Трагичен настан е регистриран во прилепското село Беровци, каде што 68-годишен маж бил пронајден починат со прострелна рана во пределот на градниот кош.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера во 07:33 часот во СВР Битола, А.В. од село Беровци пријавил дека во нива во атарот на селото го пронашол својот татко С.В.(68), кој не давал знаци на живот и имал прострелна рана во пределот на градниот кош.

На местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош од Прилеп, при што лекар констатирал смрт.

Во возилото била пронајдена ловечка пушка со испалена чаура во цевката.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Повеќе детали за околностите под кои настапила смртта се очекуваат по завршувањето на истрагата и обдукцијата.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница