
Силен земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во југоисточниот дел на Тајван.

Земјотресот е регистриран во округот Тајтунг, на длабочина од 31,1 километар.
По земјотресот не беше издадено предупредување за цунами.
Нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.