Утрински Весник
Балкан

Силен ветер го зафати Задар, десет Словенци се спасени од едрилица

Veter Na More 1068x660 1.jpg

Силен ветер синоќа го зафати Задар и носеше се пред себе, а поради елементарна непогода спасени се 10 словенски државјани од една едрилица од силни налети на ветерот, пренесува хрватскиот портал Индекс.

Едрилицата била закотвена малку подалеку од брегот, но налетот на ветерот ја фрлил на брегот.

Како што јави ХРТ, сите десет членови на екипажот се спасени и поминале неповредени.

Можете да прочитате

Мигранти се судрија со полицијата и пробија ограда во прифатен центар во Грција

Земјотрес регистриран во околината на Сплит

Хаос во БиХ: Со автомобил влетал во група луѓе на коњска трка