Утрински Весник
Македонија

„Си има Обвинителство“, разрешениот директор на „Идризово“ крена раце од мрежата полицајци и затвореници за копање на тунелот

„Си има Обвинителство“, разрешениот директор на „Идризово“ крена раце од мрежата полицајци и затвореници за копање на тунелот

Директорот на „Идризово“ во заминување, Шпенд Тахири, и самиот потврдува дека разрешувањето кое го доби од Владата е последица на политички пазар, а не одговорност за низата скандали за време на неговото директорување. Тој за „Макфакс“ посочува дека институциите треба да утврдат дали тој има кривична одговорност за организираното бегство за кое се води истрага, дрогата и телефоните во ќелиите, претепувањето на затвореници, тунелот кој се копал два месеци. Тахири ги минува последните денови како директор на затворот.

dobivaj vesti na viber

„Разрешувањето е политичко, бидејќи ние како Алтернатива веќе месец дена не сме дел од Владата. Спречувањето на тунелот е успех и јас се гордеам дека сум бил разрешен со тој успех“, посочува Тахири за „Макфакс“, па прашан како може откривањето на тунелот да е успех, кога не открил кои вработени помагале за копањето, топката ја префрли во други институции и додаде: „Јас од кога дознав заедно со Управата за извршување санкции, за еден месец, ги преземавме сите можни мерки и дојдовме до реализација. Што се однесува на тоа кој ги криел и кој соработувал со нив – има Обвинителство и полиција“.

Прашан дали се чувствува сигурно дека нема да биде гонет кривично поради корупцијата во затворот со кој раководеше, Тахири посочи дека си има институции за тоа.

„Дали ќе ме гонат кривично или дали имам вина, се тоа ќе го потврдат надлежните органи“, додаде Тахири за „Макфакс“.

Додека со затворот раководеше Тахири, се случи организираното бегство на Беким Мемети, кое и натаму се испитува од Обвинителството за гонење организиран криминал и копрупција, а се вмешани и затворски полицајци. Во „Идризово“ дрога бараше полицијата со судски налог, како акција за сузбивање на корупцијата – а беа пронајдени и куп недозволени предмети. Беше натепан и затвореник, за што имаше тврдења дека насилството му било сторено од затворски полицаец – случајот нема разрешница. Затвореници завршуваа во болница оти беа претепувани во затворениот дел на институцијата.

Пред повеќе еден месец „Макфакс“ побара и коментар од Владата дали новите коалиции се поважни од одговорноста што треба да се понесе при нестручно раководење со институциите, но од таму досега не одговорија.

Тахири дојде на функцијата без искуство во затворскиот систем. За него, Управата за санкции велеше дека му е дадена шанса да се докаже. Тој беше предлог на Марјан Спасовски, разрешен директор на Управата за санкции.

„Го предложив за да добие шанса како и секој друг. Го најдов во општина Камењане, ми го препорачаа како голем борец против криминалот и корупцијата“, рече Марјан Спасовски, разрешениот директор на Управата за санкции.

Нов директор на затворот „Идризово“ е Зоран Јовановски. За него, Ковачевски кажа дека е професионалец. Работел во МВР. Посетувал и обуки во странство. Тој е избран по предлог на премиерот.

Можете да прочитате

Анкета: Една четвртина од младите се загрижувачки пречесто на социјалните медиуми и не се слуша нивниот „политички глас“

Филипче во видео објаснува зошто се враќа во политиката

ЦУК апелира на внимателност поради влошувањето на временските услови