Утрински Весник
Македонија

Левицата: Победа на македонскиот народ – Згасна фашистичкиот клуб Ванчо Михајлов

Левицата: Победа на македонскиот народ  – Згасна фашистичкиот клуб Ванчо Михајлов
Ss2

Македонскиот народ денес треба да биде горд што ги одбрани АСНОМ-ските темели на Репубиката, откако вчера одекна веста дека згасна клубот именуван по фашистичкиот крвник Ванчо Михајлов, велат од Левица.

dobivaj vesti na viber

„Македонски народе, кој го крена гласот и се побуни против глорификацијата на фашистичките крвници, кој се мобилизираше и протестираше против газењето на антифашистичките вредности, денес достоинствено покажа дека искрата на антифашизмот на нашите предци уште тлее во сите нас и дека АСНОМ ќе продолжи да живее!“, посочуваат во официјалната реакција.

300x250 (7)

Левица, додаваат од таму, како партија во чиј статут е зачувување на АСНОМ-ските вредности, беше единствена партија која организираше два протести во Битола против фашистичкото дувло и која во континуитет алармираше до јавноста за опасноста од ваквите форми на глорификација. По иницијатива на Левица, како што велат од оваа партија, Уставниот суд оформи предмет за затворање на фашистичкиот клуб Ванчо Михајлов, а битолското Јавно обвинителство оформи предмет по поднесената кривична пријава на Левица.

„Му благодариме на македонскиот народ кој масовно ни се придружи на протестите и повторно докажа дека воден од исконската мудрост, секогаш бил и ќе биде на правилната страна на историјата“, велат од Левица.

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: Новогодишен пакет од 100 евра за пензионерите, пензионерска картичка со попусти

Стевановиќ: СДСМ нема да се откаже од европска иднина и од држава во која има функционално владеење на правото

Даштевски: Гласањето помина мирно – 24info.mk