Утрински Весник
Македонија

Сијарто ќе прател три противпожарни возила на „северномакедонските пријатели“ – Муцунски и МНР имаат обврска да реагираат

Image 20.png

Унгарската Влада ќе испрати три противпожарни возила како помош за Македонија во справувањето со пожарите.

Ова го потврдил унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во разговор со неговиот македонски колега Тимчо Муцунски, пренесува унгарскиот портпарол Золтан Ковач.

„Со летните топлотни бранови жал ни е што слушаме за огромни шумски пожари во нашето пошироко соседство. За жал нашите северномакедонски пријатели сега се соочуваат со екстремни предизвици предизвикани од такви пожари. Како пријатели мораме да им помогнеме„ изјавил Сијарто.

Придавката северномакедонски не постои и Министерството за надворешни работи досега постојано реагирало на секоја употреба на несоодветната придавка.

Но, до овој момент МНР се уште нема своја реакција, а министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски има обврска да му објасни на својот колега од Унгарија дека не постојат северномакедонски, туку Македонци од Северна Македонија.

Можете да прочитате

Платила 152.000 денари за „сигурно“ вработување во државна институција, измамена скопјанка

Му посакувам брзо оздравување вели Митева за Лукровски

Тошковски: Никој не може да ме убеди дека тогаш имало докази, а сега нема за случајот Мазут