Утрински Весник
Македонија

Изгоре ” ауди” во Куманово

Policija 4.jpg

Паркирано „Ауди“ било опожарено ноќва на улица во кумановска населба, соопшти денеска СВР Куманово.

– Денеска во 02:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица „715“ во Куманово настанал пожар во паркирано патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на А.Е.(57) од Куманово. Пожарот бил изгаснат од екипа од територијалната противпожарна единица Куманово, а повредени лица нема. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово, информираше полицијата.

Инаку на подрачјето на СВР Куманово од почетокот на 2024 година досега биле пријавени 13 случаи на опожарени патнички моторни возила, од кои единаесет се расчистени. Во 2023 година биле пријавени 30 случаи на опожарени патнички моторни возила од кои биле расчистени 16 случаи.

Можете да прочитате

ЦУК: Два активни пожари, изгаснати 18, еден ставен под контрола

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици по сите предмети

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова