Утрински Весник
Македонија

Сиљановска Давкова: Треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите

Davkova 2.webp.webp

Почитувани сограѓани Власи,

Вие припаѓате на древната духовна лоза на балкански народи, чие историско опстојување не е врзано за моќ и граници, туку за јазикот, меморијата и свеста за посебниот влашки идентитет.


Во влашкиот јазик, традиција и култура се вткаени вековната истрајност, силното чувство  на припадност и духовното достоинство, пренесувани низ генерациите како печат на еден народ што умеел и успеал да си го сочува националниот интегритет и дигнитет во тешки времиња на војни, страдања и преселби.

Треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите и еднаков во уживањето на индивидуалните и колективни права.

Има ли поголема потврда за демократската зрелост на македонскиот политички систем, како и за инклузивноста на македонското општество кон сите заедници?

Со својот сестран општествен придонес, Власите оставија и продолжуваат да оставаат небришливи траги на секое поле!

Нека е честит 23 Мај, Националниот ден на Власите! Вечен да е!, се наведува во четитката на претседателката Сиљановска Давкова.

Можете да прочитате

Учество на министерот Муцунски на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Хелсингборг

Циклон од југоисток ни носи невреме во Македонија за време на овој викенд

Променливо облачно и нестабилно, со пороен дожд, грмежи и северен ветер