Утрински Весник
Македонија

Сиљановска Давкова прими претставници на НУ „Охридско лето“

Foto 3 Scaled.jpg
Dik 300x250 mk

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими директорката на НУ „Охридско лето”, Наташа Поповиќ, селекторките Бисера Чадловска и Сања Арсовска, во пресрет на годинашното 64. издание на македонската реномирана меѓународна музичко-сценска манифестација Охридско Лето.

На средбата претставниците на националната установа ја запознаа претседателката Сиљановска Давкова со тековните подготовки и годинашната програма на фестивалот, што по неговото основање во 1961 година, се одржува во периодот од 12-ти јули до 20-ти август во Охрид.

Осврнувајќи се на деценискиот придонес во негувањето на уметноста како универзална вредност, претседателката Сиљановска Давкова изрази задоволство што во духот на воспоставената традиција, ќе биде покровител на фестивалот „Охридско лето”. Во таа насока, посака успешна реализација на годинашното издание и ја нагласи својата поддршка во промовирањето на фестивалот и на македонската култура во светот.

Можете да прочитате

Пообилен дожд во западните делови, ќе престанат утре попладне

Почина пејачот и режисер Диме Поповски

После 7 месеци, пронајдена дамата херој од кочанската болница