Утрински Весник
Македонија

Објавен јавниот повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси

Jsp.webp.webp

Министерствто за транспорт објави Јавен повик за набавка на 150 електрични еколошки автобуси и 75 полнилници. Согласно планот за набавка, 100 автобуси се наменети за Град Скопје, а останатите 50 за општините.

Согласно критериумите во Јавниот повик, најповолниот понудувач има обврска да произведе и да ги испорача автобусите во следните рокови: 


  • 30 автобуси во рок од 6 месеци
  • 60 автобуси во рок од 12 месеци
  • 60 автобуси во рок од 18 месеци

Јавниот повик е објавен денеска на електронскиот сервис за Бирото за јавни набавки и истиот може да се погледне на следниов линк: https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie/fde19674-bc01-4b44-859d-a9202c88f3d3/1

Рокот за доставување на потребната документација e до 30 март 2026 година.

Набавката на електрични еколошки автобуси претставува јасна политичка определба за заштита на животната средина како и подобрување на ефикасноста со јавниот превоз во Скопје и останите општини.

Покрај еколошките придобивки, набавката на нови автобуси носи и економска исплатливост на подолг рок со намалени трошоци за одржување и енергија.

Ова е дел од стратешкиот план за трансформација на градскиот сообраќаен систем и подигнување на економичноста на транспортната мрежа. Со оваа инвестиција  испраќаме јасна порака во борбата против аерозагадувањето и подобување на условите за граѓаните во делот на користење на јавниот превоз, како долгорочна инвестиција во транспортниот сектор и јавните услуги.    

Можете да прочитате

Мајката на Васил пред суд: Ги криевме клучевите, Зоран никогаш не му дозволи да вози

Пронајден маж во село Согле

Телефонски разговор на министерот Муцунски со Анита Орбан, главен советник за надворешна политика на партијата TISZA во Унгарија