Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова oствари средба со грчкиот професор Јанис Армаколас

Foto 1 2.jpeg

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими грчкиот професор Јанис Армаколас, директор на Програмата за Југоисточна Европа во Грчката фондација за европска и надворешна политика (ЕЛИАМЕП) и на иницијативата „Тhink nea – Нови наративи за интеграција во ЕУ”.

Професорот Армаколас ја запозна претседателката со нивната истражувачка работа којашто е фокусирана на проширувањето на Европската Унија.


Сиљановска-Давкова и Армаколас разговараа за можните решенија во насока на откочување на македонските евроинтеграции и за евентуалната опасност од изоставање на некоја земја од Западниот Балкан.

Се согласија дека од полноправното членство на сите земји од регионот, освен Западниот Балкан, бенефит ќе има и ЕУ.

На средбата стана збор и за процесот на зачленување на државава во Европската организација за јавно право (EPLO), коешто ќе придонесе за промовирање на владеењето на правото и принципите на ефикасно институционално управување.

Можете да прочитате

МИСТЕРИЈА ВО КОЧАНИ: Дрон двапати влетал во спална соба – семејството тврди дека ги снимал додека спиеле

Мицкоски: Во Македонија и во оваа Влада, САД гледаат исклучително близок пријател, нивната поддршка останува непроменета, договараме капитални проекти

ДУИ: Ахмети и Таравари на средба за предвремените избори во Брвеница