Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова од Дубаи: Вештачката интелигенција не треба да се забранува, туку да се регулира

31307.jpg

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порача дека глобалните промени бараат и суштинска трансформација на образованието, со поглед кон потребите на новите генерации. Таа се обрати на Светскиот самит на лауреати во Дубаи, кој се одржува во пресрет на Светскиот самит на владите.

На собирот, на кој учествуваат околу 150 врвни научници, меѓу кои и нобеловци, претседателката истакна дека во ерата на вештачката интелигенција образованието не смее да се сведува на пренесување и меморирање факти, туку мора да се насочи кон критичко и креативно размислување. Таа нагласи дека вештачката интелигенција треба да биде дел од современиот образовен модел, но и соодветно регулирана поради потенцијалните ризици, вклучително и зависноста. Според неа, образованието мора да става поголем акцент на менталната стабилност, емоционалната интелигенција и етичкото расудување области во кои човечкиот фактор е незаменлив.

„Верувам дека во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи. Имаме луѓе со одлични идеи. Имаме хемичари и физичари кои се меѓу првите 2% од најцитираните научници на глобално ниво. Имаме жени во STEM кои ги надминуваат регионалните и европските нивоа. Имаме талент и потенцијал, но не можеме да го направиме тоа сами. Ни треба вашата поддршка, идеи, а најважно од сè, вашиот совет. Македонската академија на науките и уметностите, нашите универзитети и факултети се отворени за соработка во истражувачки и развојни проекти од коишто сите би можеле да имаме корист“, рече претседателката на самитот.

Можете да прочитате

Миноски: Без просветителство, народот станува лесен плен на манипулатори

(Видео) МВР го најде и уапси малолетникот што дивееше со мотор низ Штип

Се бара притвор за дилер од Тетово