Утрински Весник
Македонија

Сиљановска Давкова: Македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми

20251105085215 big 730x400 49.webp.webp

Во Скопје синоќа беше одбележан Националниот ден на Унгарија. На приемот организиран од унгарскиот амбасадор Андраш Клајн присуствуваше претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

-Долгогодишното македонско-унгарско пријателство се темели на силни економски врски, културни и академски програми, заеднички иницијативи, како и на соработката во одбраната. Унгарија останува искрен и посветен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат, препознавајќи ги нашите напори за стабилност и реформи, засновани на европските вредности, пишува претседателката Сиљановска Давкова на својот Фејсбук профил.

Таа изразува уверување дека партнерството ќе продолжи да се развива во духот на взаемна почит и солидарност.

На приемот по повод Националниот ден на пријателска Унгарија, покрај македонската претседателка, меѓу другите присуствуваа и министрите Панче Тошковски, Гордана Димитриеска Кочоска, Весна Јаневска, претставници од Собранието, локалната самоуправа, бизнис заедницата и на дипломатскиот кор.

Можете да прочитате

Приведени возачи од Холандија и Србија, на автопатот А-1 возеле со двојно поголема брзина од дозволената

Средба на министерот Серафимовски со германската амбасадорка Петра Дрекслер

ЛиДеМ: Владата го почитува Законот само кога ѝ одговара – студентите секој ден ја плаќаат инфлацијата од сопствен џеб