Утрински Весник
Македонија

Сиљановска-Давкова им подари традиционална галичка пафта на младенците на „Галичка свадба”

Foto 1 2.jpeg

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на „Галичка свадба”, којашто и годинава се одржа под нејзино покровителство.

Во духот на вековната традиција, пречекана со домашна нафора и сол од најмладите галичани, претседателката проследи дел од свадбарските обичаи што со векови се пренесуваат низ мијачкиот крај, како еден од најавтентичните изрази на македонското културно наследство.


По венчавањето во храмот „Св. Петар и Павле”, таа им се придружи на младенците и свадбарите во традиционалното оро.

Честитајќи им го бракот на овогодинешните младенци, Мартина Михајлова и Александар Пендароски, таа им подари галичка пафта со мотив од традиционалната галичка носија која е симбол на плодноста и македонското свадбено богатство.

Сиљановска-Давкова им посака заедничкиот живот да им биде исполнет со љубов, доверба и меѓусебна почит, а домот со разбирање и детска смеа.

Можете да прочитате

За шест дена наплатeни 8,5 милиони денари од странците преку „Безбеден град“

ЛДП: Државниот долг секојдневно расте, а сметките за граѓаните стануваат сѐ поскапи

Македонија и Србија се поврзуваат со гасовод – утре официјален старт на проектот