Утрински Весник
Македонија

Сиљановска – Давкова: Да запре еколошкиот и урбанистички хаос во Маврово!

Signal 2024 04 27 14 25 06 251.jpg

Претседателскиот кандидат на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во рамките на кампањата за вториот изборен круг од изборната трка беше во Mаврово каде што оствари средба со граѓани. Во своето обраќање Сиљановска-Давкова порача: -Маврово има посебна вредност за Македонија и затоа и државата и граѓаните мора да се грижат за оваа природна и човечка убавина. Мора да запре систематското уништување на животната средина и да запре урбанистичкиот хаос во Националниот парк Маврово. Невидено е во една ваква природна убавина заштитена со закон во 21 век да се градат дивоградби во заштитени зони, да се дозволува во езерото да се влеваат фекалии, не смееме да го уништуваме тоа што ни го дала природата затоа што на тој начин сами се уништуваме.  Уште пострашно е кога и пратеници кои се претставуваат како екологисти, а учествуваат во уништувањето на животната средина и заштитени национални богатства.  По цунамито во средата сега не очекува вулкан кој ќе создаде услови да се решат проблемите и да се тргне напред во градење на општество каде ќе се почитуваат законите и ќе се регулира животната средина но и правото на граѓаните да живеат достоинствено во секој поглед!

Можете да прочитате

Недела неработен ден за граѓаните од муслиманска вероисповед

16 јуни е Курбан Бајрам, неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед

Цената на лебот се зголемува – еве за колку