Утрински Весник
Свет

Шведска го укина ембаргото за извоз на оружје во Турција

Шведска го укина ембаргото за извоз на оружје во Турција
Ss2

Шведскиот инспекторат за стратешки производи (ISP) објави дека повторно издава лиценци за извоз на воена опрема во Турција, со што го укинува ембаргото што беше во сила од 2019 година.

dobivaj vesti na viber

Политичкиот пресврт е поврзан со кандидатурата на Шведска за членство во НАТО. Нордиската земја поднесе барање за членство во воениот сојуз претходно оваа година по руската инвазија на Украина, но една од причините за блокадата на Турција беше извозот на оружјето.

Ss1

Шведска и Финска го забранија извозот на оружје за Турција по нејзиниот упад во Сирија и нејзината борба против милицијата на сириските Курди ЈПГ. Анкара смета дека таа група е идентична со ПКК. Турција во мај изјави дека забележала позитивен став кон укинувањето на ембаргото.

Ss1

Можете да прочитате

САД градат привремено пристаниште во близина на Газа за испраќање хуманитарна помош

Во Австралија зголемен бројот за повеќе од половина на граѓаните кои живеат во сиромаштија

Лукашенко: Опозицијата и НАТО планираат напад врз Белорусија