Утрински Весник
Економија

Шведска: Гас од „Северен тек 1“ истекува во Балтичкото Море

Шведска: Гас од „Северен тек 1“ истекува во Балтичкото Море
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шведските поморски власти објавија известување со предупредување за истекување на руски гас од гасоводот „Северен тек 1“ во шведските и данските територијални води. Предупредувањето беше издадено набргу откако беше откриено дека тече гас од гасоводот „Северен тек 2“, пренесува „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

„Плинот истекува на две места од ‘Северен тек 1’. Едното е во шведската ЕЕЗ, а другото во данската ЕЕЗ. Тоа се две локации кои се многу блиску една до друга“, изјави портпаролот на Шведската поморска управа, јавува „Ројтерс“.

„Гасот истекува североисточно од данскиот остров Борнхолм. Причината за истекувањето засега е непозната. Ние внимаваме за да се осигураме дека ниту еден брод нема да се приближи до истекувањето на гасот“, изјави портпаролот.

Синоќа данските власти ги повикаа бродовите да се држат настрана од локацијата на истекување на гас југоисточно од Борнхолм, откако беше откриено дека гасот тече од гасоводот „Северен тек 2“ во Балтичкото Море.

Операторот на гасната мрежа објави дека три цевководи од системот претрпеле „невидена штета“ за само еден ден.

Операторот објави и дека „невозможно е да се процени кога ќе се врати капацитетот на системот“.

Можете да прочитате

Ристески: Од 1 јануари Владата ќе пресметува просечна потрошувачка кошничка

Николовски: Македонија чекор поблиску до ЕУ – потпишан Mеморандум за електронска размена на податоци со Бугарија

Оваа недела ќе се одржи 56. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка