Утрински Весник
Македонија

Приведен прилепчанец, украл трактор кој подоцна му бил вратен на сопственикот

Приведен прилепчанец, украл трактор кој подоцна му бил вратен на сопственикот

Синоќа во 20:55 часот на регионалниот пат Македонски Брод-Прилеп, на излезот од с. Ропотово, полициски службеници од СВР Битола-Полициско одделение Ропотово го лишиле од слобода Н.Н.(38) од Прилеп.

dobivaj vesti na viber

Тој бил затекнат како управува трактор, кој во 9:40 часот во с.Мусинци, општина Могила, го одзел од Љ.М.(51) од с. Мусинци.

Тракторот му бил одземен и вратен на сопственикот, а тој бил задржан во полициска станица.

Според полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Пронајдено огревно дрво без документација во велешко, приведени три лица

Од бостан, дињи и пиперки собрав 350.000 евра вели мајката на судијата Ѓоко Ристов кој сведочеше за парите скриени во ѕид

Маж пронашол неексплодирана рачна бомба покрај река во Скопско