Утрински Весник
Македонија

Шумскиот пожар кај гостиварско Дебреше се уште активен

Pozhar.png
Dik 300x250 mk

Шумскиот пожар што вчера попладне се појави во атарот на селото Дебреше е активен и доколку има потреба ќе се делува со воздухоплови, информираат од Центарот за управување со кризи.

Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, пожарот кој зафати поголема површина борова шума во атарот на селата Дебреше и Здуње е се уште активен, но со послаб интензитет.

– Екипите на Национални шуми и ренџерите од Националниот парк Шар Планина се на терен. Доколку проценат е потребна воздушна поддршка, во текот на денот истата ќе им биде испратена, вели Ангелов.

Екипите кои синоќа беа на терен работеле на заштита и спречување на проширување на огнот кон куќите на двете села. Утрово екипи на ТППЕ Гостивар се на терен и ја следат состојбата. 

Можете да прочитате

Дождливото време ќе потрае – 24info.mk

Родител пријавил врсничко насилство: Неговиот малолетен син бил натепан од група малолетници на автобуска постојка

Родител пријавил дека неговата ќерка била сексуално вознемирувана додека била на училиште