Утрински Весник
Спорт

Штутгарт освои бод кај Аугсбург

Штутгарт освои бод кај Аугсбург

Штутгарт се бори за опстанок во Бундеслигата и секој бод му е значаен до крајот на шампионатот. „Швабите“ освоија бод на гости кај Аугсбург откако ремизираа 1:1.

dobivaj vesti na viber

Дион Бељо во осмата минута донесе водство за домаќинот, но израмни Ватару Ендо со голот во 78.минута од дуелот.

Штутгарт сега со 25 бода се наоѓа на 16. позиција, а Аугсбург е три места погоре со 30 бода.



Можете да прочитате

Норис ќе стартува од пол-позицијата во Мадрид

Башкими и Вардар ремизираа во натпревар со шест голови

Во Велес денеска натпревари од државното првенство во кајак спуст