Утрински Весник
Свет

Што се ATACMS и како изгледаат во акција

0f95854f 0bb7 4a3c Bb60 0c4ad29c8998.jpg

Една од типовите ракети кои по одлуката на Џо Бајден може да ги користат украинските сили на воени цели длабоко во Русија се американските ракети ATACMS.

Станува збор за систем за наведување балистички ракети со долг дострел, со висока прецизност, со дострел од 300 километри, кој може да се лансира од мобилни платформи како што се ракетните фрлачи HIMARS. Овие проектили се дизајнирани да напаѓаат стратешки цели како што се аеродроми, ракетни позиции земја-воздух, артилериски сили, области за снабдување, командни групи или точки за комуникација. Тие достигнуваат висина на летот помеѓу 50 и 65 километри.

Оваа висина им овозможува на нивните проектили да ги избегнат повеќето одбранбени системи земја-воздух, додека ја одржуваат прецизноста неопходна за напад. Брзината на ракетата достигнува 3700 километри на час, додека нејзината должина е четири метри. Тежината на боевата глава се проценува на 160 до 560 килограми. Водењето на ракетата се врши преку навигација и со помош на ГПС системот, пренесува Ал Џезира.

Ракетата користи цврсто гориво, што ја прави погодна во различни средини, додека се потпира на боева глава која генерира експлозија чиј интензитет е еквивалентен на експлозивната сила од 228 килограми ТНТ. Пред неколку месеци, аналитичарите на X објавија снимки кои покажуваат како изгледаат нападите на ATACMS.

Можете да прочитате

Годинава во светот загинаа 104 новинари, Газа најопасна зона

Падот на Асад ги доведе во неизвесност сириските бегалци во ЕУ

Израелската армија дојде на 25 километри од Дамаск