Утрински Весник
Економија

Што го врти светот: Чудни, а високо платени работни позиции кои се високо платени во светот, а и кај нас?

Што го врти светот: Чудни, а високо платени работни позиции кои се високо платени во светот, а и кај нас?

Кога размислуваме за аплицирање на одредено место, ретко помислуваме на работни позиции како: стилист за храна или мирисач на тоалетна хартија. Но вакви и слични работни позиции, се високо ценети и платени во светот.

dobivaj vesti na viber

Во првата епизода од поткастот „Што го врти светот“ со Јована Аврамовска Николовска и Дарко Велков, беа разгледувани неколку чудни високо платени работни позиции. Па така, за работа како пробувач на храната за кучиња би заработил од 40 до 73 000 долари во Америка, додека мирисач на тоалетна хартија би заработил до 52 000 долари годишно. Според Дарко Велков, доколку имате развиено чувство за вкус или мирис, вие лесно може да најдете и добра работа. Доколку се погледне македонскиот пазар сомелиерите, кои имаат развиено чувство за мирис и вкус, и кај нас се на цена. Дарко Велков најави и влез на компанија која работи со храна за миленици, на македонскиот пазар. Повеќе за високо платени работни позиции и чудни компетенции можете да слушнете во првата Епизода од „Што го врти светот“:

Поткастот е реализиран од Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ, а истиот ќе можете да го слушате/гледате секој четврток на:

Youtube: https://youtu.be/0CQQtL2MKC4

Spotify: https://podcasters.spotify.com/pod/show/sto-go-vrti-svetot

Претплатете се на каналите со притискање „Subscribe“ за да добивате информации за најновите содржини.

Можете да прочитате

Постигнат е договор за откупната цена на црвената пиперка, првата класа за 40 денари по килограм

Дурмиши: Ќе донесеме одлука за минималата плата која ќе ги задоволи сите засегнати страни

Фајненс тинк изразува загриженост за зголемување на дефицитот