Утрински Весник
Спорт

Што доведе до тепачка во Торино, провокацијата од Лукаку или расистичките навреди кон него?

Што доведе до тепачка во Торино, провокацијата од Лукаку или расистичките навреди кон него?

Јувентус и Милан одиграа 1:1 во драматичен и хаотичен прв натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. Јувентус поведе со голот на Хуан Куадрадо во 83. минута, а Интер израмни во 95. минута со голот од пенал на Ромелу Лукаку. Но, дури потоа настана хаос.

dobivaj vesti na viber

По голот на Лукаку, на теренот дојде до мешаница на играчи од двата тима, при што судијата Давиде Маса покажа втор жолт картон и го исклучи Ромелу Лукаку, а нешто подоцна, по завршувањето на мечот, им покажа црвени картони и на Хуан Куадрадо и на Самир Хандановиќ.

„Исклучувањето на белгискиот напаѓач по пеналот беше искрата што го запали фитиљот и го засили конфликтот меѓу играчите на двата тима. Играта беше мирна до самиот крај. Потоа атмосферата се вжешти“, пишува „Газета дело Спорт“.



Белгискиот напаѓач при прославата го стави прстот на уста како да сака да ги замолчи навивачите на Јувентус. Тој гест Белгиецот го направи и по голот што го постигна за репрезентацијата, но фудбалерите на Јувентус го протолкуваа како провокација. По последниот свиреж, дојде до тепачка.

Судијата го опомена Лукаку за славењето, а Белгиецот веќе имаше жолт картон претходно и затоа беше исклучен.

Квадрадо беше особено енергичен во протестите. Двајцата почнаа да се туркаат и затоа и Колумбиецот беше предупреден. После тоа Квадрадо му се пожали на Хандановиќ за однесувањето на Лукаку, но вербалната дискусија прејде во тепачка. Квадрадо сакаше да го удри Хандановиќ и мирната пресметка одеднаш стана неконтролирана.

Од Интер тврдат дека сѐ започнало со расистички навреди кон Лукаку по голот. Агентот кој се грижи за неговата кариера напиша дека Јувентус мора да се извини. Целата ситуација се очекува да ја провери и Државното обвинителство на Италија.

Можете да прочитате

Бетербиев нов апсолутен боксерски првак во полутешка категорија

Работници од Албанија и Романија се тепале при изградба на Камп Ноу

Се започна од Крањ, денот кој ќе биде запаметен во македонската фудбалска историја (ВИДЕО)