Утрински Весник
Спорт

Штербик доживеал срцев удар – 24info.mk

4404250119162297971805532405696915772702351n.jpg

Поранешниот голман на двократниот европски и повеќекратен македонски рекометен првак Вардар, српско-шпанскиот интеренционалец Арпад Штербик доживеал срцев удар! Благодарение на експресната реакција на лекарите избегнат е трагичен исход. Штербик кој работи сега како тренер на голамните кај унграскиот Веспрем згрижен е во болница и оттаму доаѓаат добри вести. Неговиот клјуб Веспрем објави и потврди дека Арпад се чувствува добро. „Нашиот тренер на голманите не отпатувал со тимот. Во текот на утрото се чувствувал лошо, отишол во болница и му бил дијагностициран срцев удар. Благодарение на брзата реакција на лекарот, неговата состојба е подобра. Тој може да ја напушти интензивната нега уште утре. Посакуваме Арпи да се опорави што е можно поскоро“ велат од Веспрем.

Арпад е роден во Сента (1979 г.), кариерата ја започна во Југовиќ, а потоа бранеше за Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона и Вардар. Со репрезентацијата на Југославија освои бронза на СП во Египет (1999) и Франција (2001), а потоа во 2008 година го промени државјанството и бранеше за Шпанија со која освои злато и бронза на СП. Со нив има злато и сребро од ЕП.

Можете да прочитате

Николо Заниоло го пропушта Европското првенство поради повреда

Вардар и Алкалоид му ја исполнија желбата на Пелистер да има ден повеќе за одмор пред финалето од Купот на Македонија

Томовски се враќа во бундеслигашката конкуренција