Утрински Весник
Спорт

Шредер се врати во ЛА Лејкерс

Најдобриот германски кошаркар на овогодинешниот Евробаскет Денис Шредер е нов играч на Лос Анџелес Лејкерс, потврди генералниот менаџер на оваа НБА франшиза Роб Пелинка.

dobivaj vesti na viber

Експлозивниот плејмејкер игра одлично на Евробаскетот и просечно бележи 21,6 поени и 7,3 асистенции, а неговите партии не останаа незабележани „преку барата“.

ЛА Лејкерси решија да потпишат едногодишен договор со Шредер вреден над 2.500.000 долари.

Шредер има 29 години, висок е 185 сантиметри, кариерата ја започна во Брауншвајг, во 2013 година беше избран како 17. пик на НБА драфтот од Атланта Хокс. Тој ги помина следните пет сезони во оваа франшиза, пред да се пресели во Оклахома Тандер во 2018 година.

По Оклахома, Шредер се пресели во Лејкерс во 2020. Минатата сезона ја започна во Бостон Селтикс, а ја заврши како играч на Хјустон Рокетс.

Сега како слободен играч се врати во Лос Анџелес каде во сезоната 2020/21. имаше просек од 15,4 поени по натпревар.

Можете да прочитате

Македонија ја победи репрезентацијата на Фарски Острови и обезбеди учество на Светското првенство во ракомет

(ВИДЕО) Македонската химна ечи во ,,Борис Трајковски” ракометарите во поход кон победа против Фарски острови

Адеми погоди Динамо Загреб слави нова шампионска титула