Утрински Весник
Свет

Крадци во Франција со години ограбувале патници во возовите

Ss2

Крадците со перики, кои украле предмети вредни 300.000 евра од прва класа на француски патнички воз, се уапсени и одредена им е притвор, пренесува „Би-Би-Си“.

dobivaj vesti na viber

Се верува дека тие украле багаж од патниците до кои седеле додека патувале по брзата железница во Франција.

Ss1

Се претпоставува дека мажот (57) носел женска перика, а покрај него уште двајца мажи на возраст од 40 и 47 години признале дека краделе пет-шест години, пренесоа француските медиуми.

Се претпоставува дека украдените предмети ги чувале во стан на југот на Марсеј.

Наводно, предметите ги краделе на паузите на станиците, кога сопствениците излегувале на пура или оделе да ги испружат нозете.

Полицијата за кражбите била известена во април, кога патник пријавил дека му бил украден куферот во кој имало накит вреден 50.000 евра.

Четири месеци подоцна, полицијата откри куп украдени предмети во стан во Марсеј.

Пронајдени се 130.000 евра во кеш, 70.000 рачни часовници, брендирани чанти, чевли, фотоапарати и накит.

Локалната полиција верува дека повеќе од 100 луѓе се ограбени и сега се обидуваат да ги пронајдат патниците кои биле жртви на кражбите, возејќи на релација Париз, Женева и Ница.

Доколку бидат прогласени за виновни, им се заканува затворска казна до седум години, пренесе Телеграф.рс.

Ss1

Можете да прочитате

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафа во наредните денови

(ВИДЕО) Пропалестинските протести се шират на американските универзитети

Папата патува во Венеција, планира и амбициозно патување во Азија