Утрински Весник
Спорт

Шпанија прв финалист на Евро 2024

20240709230747 Big 730x400 7.webp.webp

Репрезентацијата на Шпанија во Минхен ја победи Франција со 2:1 и стана прв финалист на Евро 2024.

Французите го отворија резултатот во 9. минута, преку Рандал Коло-Муани. Овој гол беше првиот и единствен гол за францускиот тим од игра на Европското првенство во Германија.

Шпанија изедначи со голот на Ламин Јамал во 21. минута. 16-годишниот Шпанец стана најмладиот голгетер во историјата на ЕП и на Светските првенства. 

Стрелец на победничкиот гол беше Дани Олмо во 25. минута.

Во финалето, избраниците на Луис де ла Фуенте ќе играат со победникот од мечот Холандија – Англија, кој ќе се игра денес во Дортмунд.

Финалето на ЕП 2024 ќе се одржи на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин. 

Можете да прочитате

Лина Ѓорческа ќе игра полуфинале на фјучeрсот во Рим

Новак Ѓоковиќ по 13. пат ќе игра во полуфиналето на Вимблдон

Одреден е судијата за финалето на ЕУРО 2024